Мали: Неколку стотици исламисти се убиени во француски операции од 11 јануари досега

Од:

Неколку стотици исламисти се убиени во Мали од 11 јануари досега при француски воздушни напади и во директни судири во градовите Кона и Гао, како и соседните провинции, соопшти француското министерство за одбрана.

Министерството за првпат објавува ваква статистика.

Џихадистите се убиени во воздушни напади насочени против џипови, кои транспортирале џихадисти или воена опрема, како и во директни судири во Кона и Гао. Министерството сепак одби да даде точна бројка, истакнувајќи дека не може да прави „морничав биланс“.

Франција започна операција во Мали на 11 јануари на барање на малиските власти.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска