Едукација и законска регулатива за побезбеден интернет

Од:

Ризиците од користењето  интернет да се намалат со едукација на основците и средношколците, како најранлива категорија  која има пристап до интернет содржини, но и на родителите, наставниот кадар, и на целата јавност, да ги препознаат случаите  на злоупотреби. За злоупотребите на интернет, што оставаат долгорочни последици, одговорноста да се зајакнува и со законски санкции.

Такви пораки упатија учесниците на предавањето што се одржа денеска во скопската гимназија „Никола Карев“, по повод Меѓународниот денот за побезбеден интернет.

Сајбер малтретирањето и лажното претставување ќе бидат првите злоупотреби на чие спречување ќе се стави акцент и ќе се вметнат во Кривичниот законик, најави Виолета Ѓерѓиевска, претседател на Здружението Интернет хотлајн провајдер  Македонија.

Резултатите од истражувањата што досега ги спровело Здружението, покажуваат дека 10 проценти од испитаниците се со симптоми од злоупотреби на интернет или се жртви.

– Откако ќе им се објаснат симтомите и што значат одредени работи, го кажуваат тоа.  На национално ниво кај населението  има непознавање на оваа проблематика.  Општеството во ИТ секторот се развива брзо и мора да преземаме брзи мерки за да може да ги заштитиме децата, изјави Ѓорѓиевска.

За поголема безбедност на интернет Владата формираше советодавно тело со учесници од повеќе институции и невладини организации и усвои акциски план, на база на кој во следниот период ќе се изготви национална стратегија  со европски стандарди.

–  Ќе има промени и во тоа што ќе се изработуваат  правилници на работа од страна на интернет заедницата во креирањето на веб страните, класификација на  содржините согласно возраста што се нудат на веб страниците , како и правилници за изработка на  содржини кои ќе бидат наменети за деца и млади, односно ќе се изработуваат портали каде  децата и младите ќе може да комуницираат, изјави Ѓорѓиевска, која пред средношколците од „Никола Карев“ говореше за правата и обврските на интернет, укажувајќи на сите можни ризици.

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, секојденвното користење интернет се повеќе носи ризици од злоупотреби, но институциите преземаат соодветни мерки.

– Со националната стратегија и активностите што се преземаат сакаме да ги информираме децата, родителите, наставниците и целата јавност дека се што се користи на интернет не е секогаш најдобро, рече Ивановски.

Тој порача дека основците и средношколците, кои го користат интернетот претежно за комуникација преку социјалните мрежи,  треба да имаат предвид дека покрај корисниот дел во таа комуникација може да  им бидат злоупотребени  податоците  од што може да имаат последици до крајот на животот.

– Апелирам  да бидете претплазиви со кого комуницирате на социјалните мрежеи, двапати размислете што ќе поставите на вашиот профил, и дали тие слики и разговори во иднина можат да ве „гонат“, бидете претплазливи со кого се поврзувате. Се што правите на интернет има исти последици како во реалниот живот. Доколку злоупотребите нешто на интернет, легислативата е иста и ригорозна онолку  како во реалниот живот, рече Ивановски.

Најави дека  МИОА и советодавното тело ќе спроведат кампањи за   развивање на свеста  преку кои родителите и наставниците ќе научат како да препознаат злоупотреби на децата  на интернет. Ќе се едуцираат и децата да знаат што и каде треба да пријават. МИОА и советодавното тело, ќе изработат апликации  кои ќе бидат достапни преку нивните веб страници,  што ќе можат да ги симнат сите граѓани  на своите домашни компјутери и да се инсталираат  во сите училишта, со кои ќе се овозможи пристап на интернет толку колку што е потребно.

Евентуалните злоупотреби на интернет, покрај во Министерството за внатрешни работи  може да се пријават и во Здружението интернет хотлајн провајдер Македонија со пишување на адресата [email protected]. кое понатаму проследува до институциите зависно од случајот.

Меѓународниот ден за побезбеден интернет се одбележува по десетти пат. Во 2004 година активности за побезбеден интернет почнаа 13 земји членки на ЕУ и Австралија, а лани тоа го направиле 99 држави од шест континенти.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски