Претставници на повеќе од 40 држави ќе присуствуваат на денешната меѓународна средба во Брисел посветена на иднината на Мали.
Домаќин на средбата ќе биде високиот претставник на Европската унија за безбедност и надворешна политика Кетрин Ештон. Коопретседатели на средбата ќе бидат претставници на Обединетите нации, на Африканската унија и на Економската заедница на државите од Западна Африка.
Цел на конференцијата е постигнување на поголема координација во меѓународните напори за Мали.