По повод „Неделата на детето“, во спортскиот балон до ЈУ Детска градинка „11 Октомври“ и ОУ „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје Север денеска ќе се одржи Детска олимпијада за децата од градинката.
Олимпијадата на која се очекува да учествуваат повеќе од 200 деца од сите шест објекти (клонови) на градинката, се одржува и во пресрет на нејзиниот патрон празник „11 Октомври“.
Децата ќе се натпреваруваат во шест екипни спортски игри, а за најдобрите ќе има и златни медаљи. Тие ќе бидат бодрени од повеќе млади спортисти кои биле згрижени и растени во градинката „11 Октомври“.
Покровител на манифестацијата е градоначалникот Велимир Смилевски.