Суд во Саудиска Арабија забрани венчавка оти момчето било музичар

Од:

Државјанка на Саудиска Арабија загуби судски процес против своето семејството, кое и забранува да се омажи за нејзин сонародник, со аргумент дека избраникот има лоша репутација бидејќи свири на музички инструмент, објави локалниот весник „Оказ”.

Саудијката, инаку дипломирана банкарка од конзервативната провинција Ал Касим, планира да се обрати и до повисоки државни инстанци, со цел пресудата да биде поништена.

Пред две години девојката добила понуда за брак, но семејството сметало дека во религиозна смисла, тој не е достоен за неа, оти свири на жичниот инструмент уд, инаку многу популарен во арапскиот свет. Во поконзервативните средини, занимавањето со музика често влијае негативно на машкиот углед, што значи и понизок општествен статус за момчето.

Саудијката од своја страна, смета дека момчето „има добар углед, и е многу религиозен” бидејќи подолго време е учител.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски