Тројца научници добија Нобелова награда за физика

Од:

Тројца научници од САД, Франција и Канада добија Нобелова награда за физика за унапредување на ласерската физика.

Шведската кралска академија на науки му додели половина од 1,01 милиони долари на Артур Ашкин од САД, додека другата половина од наградата ја делат Жерар Моро од Франција и Дона Стрикленд од Канада.

Академијата наведе дека Ашкин развил „оптички пинцети“ со кои можат да се фатат ситни честички како што се вирусите, а при тоа да не се оштетат.

Стрикленд и Моро помогнале во развивање кратки и интензивни ласерски импулси кои имаат широка индустриска и медицинска примена.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска