Во центарот на Скопје денеска беа изложени олдтајмери и мотоцикли, од периодот на 1970 година и од 1971 до 1984 година.
Настанот се случуваше во рамки на манифестацијата од еднодневен карактер „Олдтајмер рели Скопје 2018“, во организација на„АКК примо авј“ и „О.К. класик“, под покровителство на Општина Центар.
Ревијата се состоеше од два дела, од кои првиот изложба, а вториот олдтајмер-рели, кое за првпат се организираше во Скопје.