Прво рели со олдтајмери во Скопје

Од:

АКК Примо авј и О.К. Класик под покровителство на Општина Центар во сабота, 29 септември, организираат манифестација од еднодневен карактер „Олдтајмер Рели Скопје 2018“.

Ревијата се состои од два дела. Првиот дел е изложба на олдтајмер возила и мотоцикли, во кој учество ќе земат 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмер возила поделени во два периоди до 1970 година и од 1971 до 1984 година. Возилата ќе бидат оценети и наградени од стручна техничка комисија.

Вториот дел е олдтајмер рели кое за прв пат се организира во Скопје. Стартот (12 часот) и целта е пред Општина Центар, по точно одредена рута со претходно изготвена патна книга. Возилата ќе бидат поделени во две класи, а победниците наградени.

Возилата ќе бидат поделени во две класи:

Класа 1 возила произведени до 1970 година

Класа 2 возила произведени од 1971 до 1984 година

Организаторите ќе ги прогласат најдобрите во категориите за најстаро возило, најоригинално реновирано и на кабриолет возила.

Би можело да ве интересира

„Буби“ и други олдтајмери на собир во Скопје

Ана Ололовска

Делчево го доби првиот Музеј на олдтајмери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Олдтајмерот на Ал Капоне „1928 Кадилак“ е ставен на продажба

А1он

Оневозможен е пристапот до Музејот за стари возила на Дионис Пашлаков

Ана Ололовска

Олтајмери и мотоцикли од шест држави на вториот „Skopje Classic Day”

Ана Ололовска

Над 50 олтајмери и 30 класични мотоцикли на „Skopje Clаssic Day“

Ана Ололовска