Меј стравува дека ЕУ ќе инсистира на план што може да ја растури Велика Британија

Од:

Велика Британија и Европската унија не постигнаа напредок на неформалниот самит во Салцбург, на кој се разговараше за идните односи по британското напуштање на ЕУ во март 2019 година.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека по овие разговори е сосем јасно дека доколку се сака да се потпише договор до ноември, што се смета за краен можен рок, тогаш неговите детали мора да бидат јасни во октомври.

Британската премиерка Тереза Меј ги повика земјите членки на ЕУ да престанат да предлагаат решенија кои може да доведат до поделба на Велика Британија. Ова следи откако еден од предлозите кој бил покренат во Салцбург бил британската провинција Северна Ирска да остане во трговски сојуз со Европската унија, за да се избегне создавање на „цврста граница“, односно воведување на гранични контроли, меѓу Северна Ирска и Република Ирска, која е дел од ЕУ. Велика Британија стравува дека ваков чекор би можел повторно да го засили ирскиот сепаратизам во Северна Ирска и да го наруши мировниот договор од Велипеток.

– ЕУ треба адекватно да одговори на мојот сериозен и реален план, изјави Меј, зборувајќи за „планот од Чекерс“, со кој таа нуди Велика Британија и по Брегзит во голема мерка да ги следи европските регулативи во економијата. Дел од лидерите на ЕУ собрани во австрискиот град неформално изјавиле дека се надеваат на нов референдум во Велика Британија, на кој британските граѓани би се изјасниле сепак да останат дел од ЕУ.

Лидерите на ЕУ во Салцбург го прифатиле предлогот на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер за обезбедување на поширок мандат за граничната служба Фронтекс, која треба поактивно да патролира по надворешната граница на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС