Македонската тенисерка Лина Ѓорческа стартуваше со победа на фјучрс турнирoт на земја во Подгорица, кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.
Во првото коло таа триумфираше над Леа Бошковиќ (Хрватска) со 7:6, 6:1, во меч кој траеше час и половина.
Во меч од второто коло, Лина ќе игра против првата носителка на турнирот Барбара Хас од Австрија, која е бр. 193 на ВТА листата.