Турската актерка, Меријем Узерли која на македонската публика и е позната по улогата „Хурем“ од „Велинченствениот Султан“ има голема можност да оствари холивудска кариера.
Имено, бројни филмски продуценти од САД се заинтересирани за турската актерка, која ја нарекуваат двојничка на Кејт Винслет и Дру Баримор.
„Пресреќна сум што ме забележале и надвор од Турција“, изјави Узерли.
Актерката откри дека била многу упорна и дека нема да се откаже од светската кариера. На патот до остварување на целта, непостојат препреки ниту во јазикот, бидејќи таа добро владее и со англискиот.
Узерли ја воодушевуваат споредбите со холивудските актерки, Кејт Винслет и Дру Баримор, кои според неа и го отвориле патот до Холивуд.
„И двете ми се драги, особено Кејт. Нема да се противам доколку еден ден работам со неа и освојам Оскар“, изјави Узерли.