Научниците открија дека мозочните функции не се одвиваат секогаш со иста брзина.
Постои т.н брзо и споро размислување, а преплетувањето на овие две функции ни овозможува нормално решавање на секојдневните проблеми.
Кога ќе здогледаме фотографија на плава девојка, нашиот мозок во дел од секундата одработи информација дека е во прашање девојка со светла коса, но кога ќе видиме математичка задача, ни треба повеќе време за да ја решиме.
Тоа е така затоа што мозокот функционира на две различни брзини, велат научниците. Во спротивно, едноставната операција како што е миењето заби, би можела да трае со часови.