Тајна видео снимка што упатува на политичка пристрастност во „Гугл“

Од:

На интернет протече тајно направена видео снимка на која може да се слушне како директори на интернет гигантот „Гугл“ изразуваат жалење поради победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2016 година.

На снимката може да се слушне еден од основачите на „Гугл“, Сергеј Брин како вели дека „ова не е најсреќниот петок што сме го имале, многу луѓе се лути и тажни поради изборите“, зборувајќи пред група насобрани директори на Гугл.

На снимена може да се види к дека се работи за редовниот петочен состанок во Гугл.

Снимката беше објавена на екстремно десничарскиот интернет порталот Брајтбарт, кој го поддржува Трамп.

Објавувањето на снимката доаѓа во време кога Трамп обвини повеќе интернет гиганти, а пред се „Гугл“, дека свесно ги манипулираат резултатите кога јавноста пребарува податоци на интернет, кријат информации кои ги поддржуваат ставовите на десницата, а промовираат ставови кои се критични за Трамп.

„Гугл“ без конкуренција е најголемиот интернет сервис за пребарување податоци и вести на светската мрежа и Трамп обвини дека политичката пристрасност на раководството на оваа компанија, ситуирана во лево ориентираниот крајбрежен појас на Калифорнија, може сериозно да влијае врз политичките случувања во САД.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска