Група истражувачи од болницата Тимон во Марсеј работат на развивање на вакина која би требало да го совлада вирусот на СИДА.
Како што пренесуваат француските медиуми, се работи за куративна (тераписка) вакцина против СИДА-та која во моментот се испитува на луѓе.
Вакцината, која се развила во лабораторија за структурална биологија во болницата Тимон, ќе ја примат 48 пациенти доброволци.
Вакцината е развиена по 15 години истражувачка работа.
– Тоа е е крај на СИДА-та, дури ни почеток на крајот, но мпже да биде крај на почетокот, изјави директорот Ерван Лоре, кој со својот тим ја разви вакцината.