УНХЦР: Четири милиони деца бегалци не одат во училиште

Од:

Вкупно четири милиони деца бегалци не одат во училиште, стои во најновиот извешат ја Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) за образованието на бегалците насловен „Да го смениме трендот – Образование на бегалците во криза“.

УНХЦР соопшти дека бројот на деца мигранти кои не одат во училиште е за половина милион поголем во однос на истиот период минатата година.

Како што се наведува, 61 отсто од децата бегалци одат во основно училиште, во споредба со 92 отсто од децата ширум светот, додека само 23 проценти од нив се запишуваат во средно училиште во однос на 84 отсто од децата во светот.

На факултет се запишуваат 37 отсто од младите во светот, додека таа шанса ја имаат само еден отсто од бегалците, а овој податок, истакнува УНХЦР, не се менува во последните три години.

Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди истакна дека без образованите ќе биде направена ненадоместлива штета на иднината на децата бегалци и нивните заедници.

– Образованието е начин да им се помогне на децата да ги залечат раните, но исто така е и од клучно значење за изградба на нивните татковини, рече Гранди.

Во Извештој се истакнува дека треба да се направи повеќе со цел сите бегалци да добијат образованите какво што заслужуваат, а земјите кои прифаќаат мигранти се повикуваат да ги вклучат децата во националните образовни системи со соодветни наставни планови за основно и средно образование.

Во документот се укажува и дека 92 отсто од децата бегалци на училишна возраст живеат во земји во развој и оти им е потребна финансиска помош од меѓународната заедница.

Се наведува дека кон крајот на 2017 година во светот имало повеќе од 25,4 милиони бегалци, од кои 19,9 милиони се под заштита на УНХЦР.

Повеќе од половина, односно 52 отсто, биле деца од кои 7,4 милиони деца биле на училишна возраст.

„Да го смениме трендот: Образование на бегалците во криза“ е трет годишен извештај кој го објавува УНХЦР.

Првиот беше објавен во 2016 година под наслов „Во загуба“ пред Самитот на Генералното собрание на ОН за бегалци и мигранти.

Вториот извештај „Занемарени“ беше објавен минатата година и во него беше истакнат јазот меѓу децата мигранти и нивните врсници во шансите за образование.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот

УНХЦР: Повеќе од седум милиони бегалци ја напуштија Украина

А1он

Медитеранските земји очекуваат повеќе од 150.000 мигранти

Ана Ололовска

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

А1он

УНХЦР: Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина

А1он