Општина Битола ќе го поддржи фестивалот „Браќа Манаки“

Од:

Општина Битола и годинава ќе ја даде својата поддршка на 39-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“. На денешната, втора по ред прес конференција, која се одржа во малата сала на Центарот за култура во Битола, беше соопштено и годинешното фестивалско изненадување, италијанската актерка Клаудија Кардинале.

Градоначалничката Наташа Петровска, која беше дел од лицата што се обратија по повод 39-тиот Интернационален фестивал на филмската камера, ја истакна поддршката која и годинава Општина Битола ја дава, како домаќин, на организаторите и учесниците на фестивалот.

„Ова е фестивал по кој што градот е препознатлив и фестивал со кој што се гордееме сите ние, битолчани. Токму затоа, Општина Битола несебично, заедно со сите јавни претпријатија даде поддршка на овој фестивал. Јас сум длабоко убедена дека фестивалот ќе ни донесе пријатни моменти, во кои ќе уживаме ние, битолчани, но и гостите. Фестивал, на кој ќе се сеќаваме и кој што само ќе биде најава за јубилејното издание следната година“, рече Петровска.

На прес конференцијата, на која учествуваа директорката на фестивалот Гена Теодосиевска, Алесио Ликури, заменик шеф на мисијата на Амбасадата на Република Италија во РМ, Благоја Куновски-Доре уметнички директор и Владимир Ангелов, директор на кинотеката на Македонија, како и градоначалничката Наташа Петровска, беа соопштени имињата и на годинешното жири, како и двата големи јубилеи кои што ќе бидат одбележани за време на фестивалот – 100 години од раѓањето на Ингмар Бергман и 60 години од филмот „Мис Стон“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ