Состојбата со човековите права на Балканот не одговара со аспирациите за евроинтеграција

Од:

Почитувањето на човековите права во земјите од Западен Балкан не одговара со аспирациите на регионот за европска интеграција, се наведува во денеска објавениот годишен извештај за човековите права за 2013 година на организацијата Хјуман рајтс воч, јави БТА.

Во регионот е забележан одреден напредок во судските процеси за воени злосторства. Сепак, послаб напредок е забележан во однос на намалувањето на дискриминацијата и нападите врз ромското малцинство и изнаоѓањето на решенија за исполнување на барањата на бегалците. Хјуман рајтс воч изрази загриженост поради регистрирани случаи на насилство против новинари во 2012 година.

Ако земијте од Западен Балкан имаат сериозна намера да станат дел од Европа, тие треба да направата напори за состојната во областа на човековите права да одговара на европските стандарди, изјави Лидија Гол, претставник на Хјуман рајтс воч за Балкан и Источна Европа.

Напредокот во судските процеси за воени злосторства во локалните судови и во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија останува клучно прашање на Хјуман рајтс воч, се наведуав во извештајот.

Организацијата одбележува дека во Босна и Херцеговина минатата година биле изречени пресуди по 13 дела за воени злосторства, додека во мај минатата година во Хашкиот трибунал почна процесот против поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ, а случајот против поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ продолжи во текот на цела година.

Во извештајот на Хјуман рајтс воч се наведува дека Хрватска, исто така, остварила напредок во 2012 година во процесите против воените криминалци, откако локалните судови предадоа дела против 15 осомничени до четири судови за воени злосторства.

Хјуман рајтс воч истакнува дека е остварен одреден напредок и во делата за воени злосторства во Србија и Косово.

Организацијата ја истакнува загриженоста во однос на ситуацијата во земјите од регионот, во однос на бегалците и луѓето, кои бараат азил, како и за односот кон децата имигранти без придружба.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ