Вработените во Google против цензурираниот пребарувач за Кина

Од:

Повеќе од илјада вработени во „Гугл“ (Google) потпишаа писмо во кое го изразуваат своето незадоволство поради планот на компанијата да покрене цензуриран пребарувач за Кина.

Во писмото се бара од раководството на „Гугл“ да ги разгледаат етичките ставови и барања за транспарентност, бидејќи „вработените мора да знаат што градат“.

Незадоволство кај вработените предизвика информацијата дека „Гугл“ од почетокот на 2017 година развива цензурирана верзија за својот пребарувач под име „Драгонфлај“ (Dragonfly).

Пребарувачот се развива како мобилна апликација за андорид и наводно чувствителните теми ќе ги става на „црна листа“ и ќе ги филтирира сите интернет страници блокирани од страна на кинеските цензори.

Цензурата ќе се прошири на „Гугл“ за пребарувањето на слики, проверка на правописот и предложените функции за пребарување.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска