Втор круг од претседателските избори во Мали

Од:

Граѓаните на Мали денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори, каде фаворит е актуелниот шеф на државата Ибрахим Бубакар Кејта, а негов против кандидат е опозицискиот лидер Сумајла Сисе, кој верува дека може да победи.

Во првиот круг, кој се одржа на 29 јули, Кејта освои 41,4 отсто од гласовите, а Сисе само 17,8 проценти.

Победникот на изборите, кој ќе стапи на должност следниот месец, ќе има тешка задача повторно да го активира мировниот договор од 2015 година меѓу владата и поранешните бунтовници.

Договорот беше склучен по интервенција на француската војска, која во 2013 година воспостави владина контрола врз Северно Мали, каде една година претходно џихадистите го спроведоа исламскиот закон – шеријат.

Во периодот меѓу двата изборни кругови опозицијата ја обвини власта дека ја искористила небезбедноста во северниот и централниот дел на Мали, со цел да го манипулираат гласањето во првиот круг.

Владата призна дека од „различни причини“ околу 250.000 гласачи во тие реони немале можност да гласаат, но Уставниот суд ги отфрли сите тврдења за изборни нерегуларности.

Набљудувачката мисија на ЕУ побара поголема транспарентност, као и гаранција дека денеска сите гласачи ќе имаат пристап до избирачките места.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска