Вкупно 11 голови беа постигнати на првите два натпревара од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Дербито во Тетово меѓу шампионот Шкендија и Вардар заврши без победник 2:2, додека Ренова во Скопје го совлада Работнички со 4:3.
Утре играат: Победа – Беласица, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. и Силекс – Шкупи.
Почетокот на сите натпревари е во 17 часот.