Извлечени двојките за 1. коло во Купот на Македонија

Од:

Во Фудбалската федерација на Македонија денеска беа извлечени двојките за првото коло во Купот на Македонија.
Ждрепката во првото коло го спротистави актуелниот првак Шкендија против Кожуф, додека вицешампионот Пелистер ќе гостува кај кочански Осогово.

Скопски Вардар пак битката за трофејот ќе ја започне со гостување кај Форино.

Мечевите од првото коло во Купот ќе се играат на 22 август.

Парови за Куп на Македонија, 1.коло:

Струга Трим Љум – Победа
Кораб – Борец
Влазрими 77 – Беласица
Вардар Неготино – Скопје
Фортуна – Работнички
Лабуништа – Академија Пандев
Кит-Го – Шкупи
Поешево – Брегалница
Кожуф – Шкендија
Вардар Форино – Вардар
Осогово – Пелистер
Тетекс – Гостивар
Братство-Влазними – Силекс
Тиквеш – Ренова
Превалец – Македонија ЃП.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он