Отворена годинашната Научна и уметничка визита на МАНУ во Охрид

Од:

Со озложбата насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт (886–1018)“ синоќа во Куќата на Уранија во Охрид почна Научната и уметничка визита што ја организира Македонската академија на науки и уметности.

Академик Ѓорги Поп-Атанасов, кој е и автор на изложбата, во обраќањето пред присутните појасни дека се работи за стари глаголички и уште постари кирилични текстови што датираат од времето на Климент Охридски. Репродукции на оригиналите што се наоѓаат во Ватиканската библиотечна ризница, на Света Гора, во Бугарската академија на науките и уметностите и софиските музеи, а најповеќето во државниот архив, библиотеките на Руската академија на науките и уметностите во Москва и Санкт Петерсбург, Рускиот архив на древни актии на други места.

Најголемиот број од тие документи завршуваат во Русија поради големата ентузијастичка дејност на собирачот Виктор Григоровиќ.

– Охридската книжевна школа е најстара на балканските простори….Таа за потребите на црковното богослужение, христијанската проповед и просвета, создала огхромен број црковни книги. Најнапред на глаголичко, а потоа криличнотописмо, создадено врз основа на византиско-грчката азбука. За време на владеењето на Самуил, одново се дава предност на автохтоното словенско писмо – глаголицата. За жал, по падот на Самуиловото царство, многу споменици се систематски уништувани, или пренесувани одовде, додека зачуваните датираат од крајот на 10. и почетокот на 11. век. Некои споменици, како на пример Новгородските листови, како делод евангелски кодекс, самиот Самуил ги испратил во Киевска Русија, како прилог во покрстувањето на Русија (988 година), датирани како епиграфски споменици – Самуилов и Варошки (Прилеп) натпис, истакна академик Поп Атанасов.

МАНУ има испечатено посебен Каталог за изложбата во кој се поместени опширни податоци за Зографските листови, Ресенскиот фрагмент од триод, Македонскиот кириличен лист од Охрид (превод на словенски на Библијата), Савината книга од Охрид, Хилендарските листови со поуки на св.Кирил Ерусаллимски (однесени од Григорович во Одеса), Новогорските (Купријановски) листови, Зографското евангелие, Синајскиот псалтир и други.

Поп Атанасов како особено важно го посочи Асамановото евангелие, за кое истакна дека е драгоцен документ од Охридската книжевна школа, во кој се одбележани македонските светци Кирил и Методиј, потоа Свети Климент Охридски, струмичките свештеномаченици Тимотеј, Теодор и Евсениј, додека св.Климент е именуван како „епископ велички”.

Асамановото еванглеие во 14 век е однесено во Светата земја, а е пронајдено 1736 година во Ерусалим од католичкиот деец од маринитско потекло, главниот библиотекар на Ватиканската библиотека, Јосиф Асемани.

Во рамки на „Научната и уметничка визита – Охрид 2018” што ќе трае до 27 август ќе се одржат повеќе научни манифестации, а ќе биде заокружена со промоција на зборникот „За и од Киро Глигоров“, по повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи