Унапредување на уролошката хирургија тема на петтиот Евроазиски уро-онколошки конгрес

Од:

Зацврстување на контактите на полето на урологијата, преземање искуства, како и унапредување на уролошката хирургија во Македонија и во регионот, е целта на петтиот Евроазиски уро-онколошки конгрес, кој попладнево ќе биде отворен во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Конгресот се одржува во организација на МАНУ, Истанбулскиот универзитет, здруженијата на уролозите на Македонија и на Турција, под покровителство на министерствата за здравство на двете држави.

Академик Живко Попов, хирург уролог од Одделението за медицински науки при МАНУ и претседател на Македонската уролошка асоцијација во изјава за МИА рече дека во пораст се процентите на заболени од рак на бубрег, бешика и простата.

– Има големо подобрување во однос на дијагностика и лекувањето. Македонските хирурзи уролози, како и оние во регионот не се разликуваат. Ова ќе биде почеток на наша добра соработка со Турската уролошка асоцијација и мислам дека ќе успееме наши лекари да отидат таму на специјализација, посочи Попов.

Тој додаде дека во разговорите со ректорот на Истанбулскиот универзитет, Јунуш Сојлет, хирург уролог за деца, договориле негова посета на Македонија, за да презентира тоа што тие знаат да го направат при тешки операции на машки деца со континентални аномалии на половиот орган.
Aкадемик Момир Поленаковиќ, член на Македонската академија на науките и уметностите и еден од организаторите на конгресот, рече дека целта на конгресот е да се видат најновите дострели во истражувањето на карциномот на простата, мочен меур, како и на бубрегот и уринарните патишта, во Македонија, на Балканот, во Турција и во светот.

– Во Турција има над 60 медицински центри и применуваат главно европска и светска технологија и знаења. Македонија има прекрасна дијагностика – нуклеарна магнетна резонанца, компјутеризирана томографија и вредни уролози, рече Поленаковиќ.

На конгресот, кој ќе заврши на 2 февруари, учествуваат најпознати уро-онколози од Македонија, Турција, Србија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина и Словенија.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он