Видео од убиството на бизнисменот од Малта, Хуго Хеткути, од страна на српскиот државјанин Бојан Чрнелик (35) се појави на интернет. Сигурносните камери го снимиле драматичниот момент од убиството кое ја шокираше Малта.
Чрнелик ќе одговара за тешкото убиство на Хеткути, откако на 6 јули го нападна пред неговиот рестаран на Малта и му зададе два кобни убоди со нож.
Се шпекулира дека Србинот бил платен убиец, особено поради тоа што не изговорил ниту еден збор за време на испрашувањата и процесуирањето во полиција, пренесуваат медиумите од Малта.
Убиецот непосредно пред нападот се обиде да го сокрие своето лице од камерите, но сведоците го открија.