Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември изнесува 20.857 денари и таа е зголемена за 0,1 процент во однос на истиот месец 2011, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на покачувањето на нето-платата во секторите Стручни, научни и технички дејности, Други услужни дејности и Земјоделство, шумарство и рибарство.
Намалување има во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Рударство и вадење камен и Земјоделство, шумарство и рибарство.
Бруто платата изнесува 30.595 денари и кај неа нема промени во споредба со ноември 2011 година, а има намалување за 0,9 проценти во однос на октомври.
Во ноември 2,2 проценти од вработените не примиле плата.