Зголемен бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава е зголемен за 7,3 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во првите шест месеци од 2018 година пораснал за 7,5 отсто во однос на истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст од 2,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 8,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,7 отсто, Капитални производи за 22,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто, а опаѓање има кај Енергија за 0,7 проценти и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1,3 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата