Гугл Хром ќе предупредува при отворање интернет страница со стар http линк

Од:

Новата верзија на пребарувачот Гугл Хром ќе содржи опција за предупредување за интернет страници кои ја користат старата ХТТП (http) врска, наместо посигурната, нова ХТТПС (https).

ХТТПС линкот е криптиран и, макар што не е 100 отсто сигурен, е далеку подобра заштита од ХТТП. Тој, пред се, штити од следење на контактот меѓу корисникот и страницата, копирање пораки, несакано појавување на реклами, „копање” криптовалути… Уште пред неколку месеци Гугл најави дека ХТТП ќе се претвори во елемент што Хром ќе го препознава како проблем на одредена страница.

Така, кога ќе посетиме линк што има само ХТТП, ќе добиеме предупредување дека тој не е доволно сигурен.

Според официјални податоци, веќе 83 од стоте најпопуларни интернет страници во светот имат ХТТПС, а 76 отсто од интернет сообраќајот преку Хром за Андроид е заштитен.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска