Познатиот актер, режисер и музичар, Раде Шербеџија во сабота одржа концерт во Лондон, во чест на македонската музичка легенда, Тоше Проески. Шербеџија во изјавата за српскиот „Блиц“ вели дека концертот бил организиран во Културниот центар „Стади сосајети“ и пропратен со насмевки и солзи.
– Беше навистина многу убаво. Гостинка беше и македонската актерка Тања Царовска, која прекрасно пее. Имаше премногу емоции, бидејќи кога концерт ќе се одржи во далечен свет, тогаш тие наши луѓе кои се далеку од своите држави, особено емотивно го доживуваат тоа, изјави познатиот актер со холивудска кариера.
На концертот присуствувале и повеќмина уметници од различни профили, а помеѓу присутните бил и продуцентот на Тоше, Енди Рајт.
– Мило ми е што присуствуваа многу луѓе и затоа што македонското друштво „Круг“, одбра мој концерт да биде наменет за таа прилика, секако под сугестија на родителите на Тоше, истакна Шербеџија.