ВИДЕО: Млад Шпанец веќе два месеци живее на терминал на аеродром

Од:

Исто како ликот кој е во филмот „Терминал“ кој го играше Том Хенкс, Шпанецот Родриго Бен-Азул, стана постојан жител на аеродром.

Пред повеќе од два месеци, Бен-Азул отпатувал во Чиле за да го разреши конфликтот со членовите на семејство кои таму живеат. Но, откако не успеал да ги поправи работите со семејството, се вратил повторно на терминалот на аеродромот во Сантијаго, и сега веќе осум недели чека семејството од Шпанија да му испрати пари за да може да се врати во Шпанија.

Вработените на аеродромот велат дека има дневна рутина- ги собира оставените колички за багаж па ги враќа назад на местото, за да ги врати железните пари од кауцијата. Собира храна од кантите за отпад и докрај неиспушени цигари, а ноќе наоѓа „мирно катче“ каде преспива.

Остатокот од денот лута по аеродромот со неговиот багаж, очила за сонце и слушалки на ушите.

Апсолутниот рекордер на живот на аеродром, сепак е иранскиот бегалец Мехран Карими Насери, кој 17 години живеел на терминалот број еден на Шарл де Гол, меѓународен аеродорм во Париз меѓу 1988 и 2006 година, а чија приказна послужи како инспирација за филмот „Терминал“.

Насери исто така, секогаш шетал по терминалот со неговиот багаж и времето го поминувал читајќи, пишувајќи го неговиот дневник и учејќи економија. Вработените на аеродромот му давале храна и весници, а за годините кои ги поминал на терминалот напишал и книга „Човекот од терминалот“.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата