Премиерот на Хаити Џек Ги Лафонтон синоќа поднесе оставка поради немирите по неуспешниот обид на Владата да ја зголеми цената на горивата.
Лафонтон им соопштил на пратениците во Парламентот дека на претседателот на Хаити му предал писмо со оставка.
Помали протести беа одржани и вчера во разни делови на Хаити на кои демонстрантите бараа оставка од Владата.