Иранска тинејџерка уапсена поради „недолични“ објави на Инстаграм

Од:

Иранска полиција уапси една 18-годишна девојка поради видео снимки објавени на Инстаграм, на кои таа танцува, со што привлекла десетици илјади следбеници.

Тинејџерката е обвинета за кршење на моралните норми.

Девојката од своја страна се бранела дека немала намера да прекрши никкави норми, туку само сакала да привлече што поголем број следбеници.

Таа на својот прифил на Инстаграм објавила околу 300 видео записи на кои изведува ирански традиционални, но и западни танци, при што на снимките се појавува без марама на главата, која е задолжителна за жените во Иран кога се појавуваат во јавност.

По овој случај, иранската полиција најави дека има намера да угаси повеќе профили на Инстаграм, кои содржат „недолични“ содржини.

Во Иран е забранет пристапот до социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и до платформите Јутјуб и Телеграм, но многу Иранаци пристапуваат до нив преку посредници или преку провајдерот ВПН.

Би можело да ве интересира

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Пад на приходите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“