Владата на Хаити ја суспендираше одлуката за покачувањето на цената на горивото, само неколку часа откако демонстранти го нападнаа хотелот „Бест вестерн премиер“ во Порт о Пренс.
Премиерот на Хаити Џек Ги Лафонтан, претходно наведе дека е неопходно да се зголеми цената на горивото со цел да се усогласи буџетот и не даваше никакви знаци дека ќе се откаже од тоа, но неговата Влада ја повлече одлуката откако во главниот град на Хаити избија протести.
Засега нема информации за повредени лица за време на инцидентот во хотелот.