Колумбиските фудбалери Урибе и Бака добија смртни закани

Од:

Веднаш по завршувањето на последниот натпревар од осминафиналето на Мундијалот во кој Англија ја совлада Колумбија на пенали, почнаа закани по животот на колумбиските репрезентативци.

Матеус Урибе и Карлос Бака, кои не успеаја да ги реализираат пеналите се цел на лицата кои се закануваат.

Во бројните испади на омраза кон социјалните мрежи, Бака и Урибе се етикетирани како најголеми виновници и нив им се порачува да не се враќаат во Колумбија, бидејќи директно им се загрозени животите.

Дел од навивачите застанаа во нивната одбрана, предупредувајќи дека не смее да са повтори случајот на Андрес Ескобар, колумбиски репрезентативец кој беше убиен во 1994 година во својата земја, само десет дена откако постигна автогол во натпревар на СП против САД.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска