Координаторот на женскиот фудбал во Бразилската фудбалска конфедерација, Марко Аурелио Куња го критикуваше англискиот репрезентативец Хари Кејн, за настапот на синоќешниот дуел со Колумбија во осминафиналето на Светското првенство.
Според него, многу бараниот фудбалер на трансфер пазарот ништо посебно не прикажа на теренот.
– Кејн, тоа е играч кој умее да погоди пенал, добро игра во поле и знае да постигне гол. Ништо посебно. Во нашата Втора лига има многу такви играчи. Не знам зошто се зборува толку многу за него, вели Бразилецот.