Хрватска на пенали ја совлада селекцијата на Данска и обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство во Русија, каде што ја чека селекцијата на домаќинот.
Данска го отвори резултатот уште во првата минута преку Јоргенсен, но Хрватите брзо се вратија во игра, па Манџукиќ го изедначи резултат во четвртата минута.
Со тој резултат двете репрезентации заминаа на полувремето, а и за конечните 90 минути.
Во продолженијата, Хрватска имаше можност да ја заврши работата, откако Ребиќ излезе на празен гол, но беше фаулиран од Јоргесен, по што Модриќ промаши од 11 метри.
На пеналите блескаа голманите, каде што Субашиќ одбрани три пенали, а Шмајхел два, со што Хрватите продолжија понатака.