Матеус: Бразил фаворит за трофејот, Кејн за најдобар голгетер

Од:

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус, за прв фаворит за трофејот на фудбалскиот Мундијал во Русија го смета Бразил.

– Имаат одлични играчи. Овој тим го следам внимателно две години. Бразилците имаат и одличен тренер кој практикува добар систем. Играат дисциплинирано во одбраната, многу се брзи во нападот, а секако имаат и долга клупа, вели истакна Матеус.

Запрашан за ефикасноста и кого го гледа на крајот на шампионатот со најмногу голови, Матеус прогнозира дека тоа ќе биде Хари Кејн од Англија.

– Кејн е многу добар, работи за тимот. Мислам дека еден од кандидатите за титулата најдобар стрелец.

Бразил во осминафиналето ќе игра со Мексико на 2 јули, додека Англија својот ривал за елиминациската фаза ќе го дознае вечер по завршувањето на групната фаза.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска