Претседателот на Француската фудбалска федерација Ноел Ле Грат изјави дека Дидие Дешам ќе остане на селекторското место до 2020 година.
– Не гледам причина за загриженост околу француската репрезентацијата на Мундијалот во Русија. Со Данска не одигравме совршен меч, но мораме да разбереме дека сите тимови сега напредуваат. Многу е тешко да се победува.
На СП сите селекции се силни. Најважно е дека сме во осминафиналето. Сосема е јасно дека Дидие Дешам ќе биде наш тренер до 2020 година, истакна првиот човек на францускиот фудбал.
Франција на 30 јуни од 16 часот против Аргентина ќе го игра првото осминафинале на Мундијалот во Русија.