Лев останува селектор и покрај дебаклот на Германија

Од:

Јоаким Лев ќа ја задржи селекторската функција во германската фудбалска репрезентација и покрај разочарувачкиот настап на Светското првенство во Русија.

Ова го изјави Оливер Бироф, генералниот менаџер на репрезентацијата.

– Сите сме разочарани. Чувствуваме огромна фрустрација. Ја имавме судбината во своите раце и покрај лошиот старт на Мундијалот. Јоаким неодамна потпиша нов договор и претпоставувам дека тој ќе ја продолжи својата работа. Гледате дека и другите фаворити се мачат. Сепак, сметам дека премалку прикажавме, истакна Бироф.

Германија по вчерашниот пораз од Јужна Кореја како последна во групата ги заврши настапите на СП во Русија.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска