Кириличниот домен (.мкд) избран на интернет анкетата на МАРнет

Од:

Македонија во меѓународниот интернет простор да се претставува со кириличниот домен мкд. е изборот на граѓаните во интернет анкетата објавена на веб стрната на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет.

Гласањето траеше до 15 јануари 2013 година, врз основа на претходно објавените низи за кои имаше најголем број на предлози (мкд, мак, рм, македонија, рмак и рмкд). Вкупно својот глас преку интернет анкета го дадоа 2.288 граѓани, од кои за кириличниот домен мкд гласаа 72,98 отсто од нив.

Предложената низа која освои најголем број гласови (мкд), ќе биде ставена во официјалното барање за започнување на процесот за добивање на врвниот кириличен домен за Република Македонија, кое ќе биде поднесено до Интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ИЦАНН).

– Националниот кириличен домен ќе им овозможи на македонските граѓани да го користат интернетот на своето македонско кирилично писмо, што истовремено претставува и грижа за зачувување на националниот идентитет преку користење на домени на својот мајчин јазик, стои во соопштението од Министерството за информатичко општество и администрација.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски