Еден од најголемите проблеми со кои се соочува човештвото се недостиг од чиста вода и недостиг од канализација, а светските лидери мора да дејствуваат за да се намали смртноста кај децата и да се намали сиромаштијата, наведе заменикот генерален секретар на ОН, Јан Елиасон.
– Околу 783 милиони луѓе немаат пристап до чиста и релативно безбедна вода, а 2,5 милијарди луѓе или 37 отсто од светската популација нема пристап до системи за канализација, изјави тој на маргините на Самитот на Заедницата на латиноамерикански и карипски држави и ЕУ кој се одржува во Чиле.
– Тоа е главна причина што секојдневно повеќе од 3.000 деца помали од пет години умираат до дијареја, дезинтерија, дехидрација и колера, предупреду Елиасон.
Според него, околу 60 отсто од светската популација ќе живее во градовите во следните осум години и прашањето за вода во контекст на забрзана урбанизација ќе стане се поголем проблем со оглед дека се повеќе сиромашни луѓе се селат во големи градови со слаби канализациски системи.