Три лица загинаа, а шестмина се повредени во самоубиствен напад во авганистанската провинција Газни, јави турската агенција Анадолија.
Бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот што го имал на себе во Кулах Себза, каде имало голем број на луѓе.
Лекарски извори од болницата во Газни соопштија дека се хоспиталирани шест повредени лица.