Мексиканци кои славеле за победата против Германија, предизвикале вештачки земјотрес

Од:

Илјадници навивачи на мексиканскиот национален фудбалски тим, славеа бурно низ улиците на мексиканските градови. А, пак, мексиканското тло буквално се затресе, кога напаѓачот Ирвинг Лозано го даде единствениот гол во натпреварот против Германија во 35. минута, јавуваат сеизмолозите.

Имено, токму тогаш тие регистрирале „вештачки земјотрес”, предизвикан од радосните скокови на Мексиканците, кои присуствувале на заедничкото следење на натпреварот на централниот плоштад Сокало во главниот град Мексико Сити. При тој колективен скок, сензорите за земјотрес се активирале.

По победата против Германија, до утринските часови се славеше и во градовите Гвадалахара, Толука, Тихуана, Сиудад Хуарез и други.

– Веќе е стварност – Мексико извојува победа против најдобрите во светот. Извонреден натпревар! Поздрави!, напиша претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието на Твитер.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска