Фудбалерот на бразилската репрезентација, Паулињо смета дека тимот е многу поподготвен за напад на Светскиот куп сега, отколку што беше пред четири години на домашниот Мундијал.
На домашен терен, „селесао“ дојде во полуфиналето, каде што претрпе историски дебакл против Германија од 1:7. Домаќините тогаш загубија и во борбата за третото место против Холандија.
Дваесетидеветгодишниот Паулињо тогаш беше дел од клубот, чиј тренер беше Луис Фелипе Сколари. Во несреќниот натпревар против Германија, тој се појави како замена. Сега тој е еден од само четворицата играчи кои играле таа ноќ, а денес повторно се дел од тимот кој е веќе под раководство на Тите.
– Сега нашата доверба е поголема. Како што се одвиваат работите за Бразил во моментот, очигледно е дека нашата самодоверба е подобра. Бразил е подобро подготвен на повеќе начини. Тоа е дел од фудбалот – ќе научите многу четири години, изјави Паулињо пред мечот со Швајцарија во понеделник, 17-ти јуни.
Тој порача дека тоа што се случило во минатото сега е зад нив и имаат уште една можност да покажат што знаат.
– Тоа е убавото во фудбалот, постојано се појавуваат нови можности, додаде Паулињо.
Покрај Бразил и Швајцарија во групата „Е“ се уште Србија и Костарика.