Илјадници фудбалски фанови деновиве ќе имаат прилика да минат низ московската подземна железничка мрежа, каде ќе можат да уживаат во најразлична уметност од руската историја – од живописни фрески и раскошни лустери, до мотиви од Лениновиот комунизам и револуциите од почетокот на 20. век.
Московското метро е пуштено во сообраќај 1935 година и има 13 линии кои го опфаќаат градот.
– Тоа е како музеј. Се е толку грандиозно, ќе рече чилеанскиот ТВ репортер Пабло Зунига.
По неколкуте бомбашки напади изминативе години, безбедносниот надзор е зајакнат, па на секоја станица ве пресретнуваат детектори за метал.
Едно возење чини 55 рубли, т.е. околу две евра.