Самитот на лидерите на земјите-членки од групата Г-7 следната година ќе биде одржан во францускиот град Бијариц, наведе францускиот претседател Емануел Макрон, по завршувањето на Самитот на Г-7 во Ла Малбе.
Макрон нагласи дека на Самитот не биле решени сите несогласувања, но дека е постигнат заеднички став во однос на многу прашања меѓу кои и прашањата за надворешната политика и трговијата.
Тој потсети дека само САД, за разликата од останатите шест земји, не биле согласни во однос на прашањата за климатските промени.
Макрон посочи дека на полето на трговијата потребно е да се променат меѓународните прописи, како и да се реформира Светската трговска организација (СТО).
Тој изјави дека доколку СТО биде поефикасна, ќе бидат забалежани подобрувања во однос на трговијата.
Францускиот претседател нагласи дека е јасно оти треба да се преземат сеопфатни активности за многу прашања меѓу Европската унија и САД.