Меј ја поздрави одлуката на Г-7 за продолжување на санкциите за Русија

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска го поздрави заедничкото соопштение на групата Г-7, кое, како што истакна таа, ја препознало потребата да бидат продолжени санкциите за Русија, иако американскиот претседател Доналд Трамп изнел предлог Русија да се врати во групата.

Меј исто така, ја повтори потребата да се избегнат акциите „мило за драго“ во трговскиот спор меѓу Европската унија и САД.

– Велика Британија го регистрираше нејзиното „длабоко разочарување за неоснованата одлука на САД да ги промени тарифите за увоз на челик и алуминиум од ЕУ“, истакна британската премиерка.

Како што јави МИА, лидерите на Г-7, по дводневниот Самит во Ла Малбе, со заедничко соопштение се сложија за „слободна и фер трговија и борба против протекционизмот“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот