Меркел: Русија се уште не може да да се врати во Г-7

Од:

Претставниците на земјите на Европската унија на Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји се согласија дека се уште не се исполнети условите Русија да се врати во Групата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на Самитот.

Таа рече дека е рано за заедничко соопштение на лидерите, додавајќи дека се уште не е постигнат договор.

Четирите европски земји во Г-7, Франција, Италија, Германија и Велика Британија се согласија да одбијат враќање на Русија во Групата. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп предложи враќање на Русија во Г-7.

Москва беше исклучена од Групата Седум најразвиени земји плус Русија во 2014 година поради анексијата на Крим и конфликтот во Источна Украина.

Европските лидери Емануел Макрон, Ангела Меркел, Тереза Меј и Џузепе Конте, кои се сретнаа непосредно пред почетокот на Самитот во Канада по иницијатива на францускиот претседател, се согласија дека „европски став е да не се врати Русија“. Еден од советниците на Макрон соопшти дека на средбата било истакнато дека продолжува „будноста“ кон Москва, но и било укажано на „можноста за воспоставување дијалог со Русија“.

Претходно, Конте на Твитер напиша дека поддржува враќање на Русија.

Во Г-7 се и Јапонија, Канада и САД, а на состаноците присуствуваше и претставник на ЕУ.

Инаку, главна тема на Самитот беа зголемените царини на алуминиум и челик, воведени од САД.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот