Американскиот претседател Доналд Трамп повика денеска за враќање на Русија во Г-7.
– Русија треба да присуствува на средбата, треба да биде дел од тој настан, изјави Трамп.
Русија беше исфрлена од елитниот клуб во 2014 година заради анексијата на Крим и поддршката на сепаратистите во источна Украина.