Самитот на Г7 како напревар на шестмина против еден

Од:

Лидерите на седум индустриски најразвиени држави во светот (Г7) пристигнуваат од денеска во Канада на исклучително тензичен годишен самит, поради царините воведени неодамна од САД кон сојузниците.

Самитот ќе биде одржан на 8 и 9 јуни во Ла Малбе во Квебек, Канада. Домаќин е канадскиот премиер Џастин Трудо.

Доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде негова прва посета во Канада од стапувањето на претседателската функција.

По неколку месеци неуспешни билатерални средби со сојузниците од Г7, Трамп в сабота ќе пристигне во канадски Квебек.

– Ако американскиот отпор отиде предалеку, нема да ги жртвуваме нашите начела, нашите интереси за привидно единство, соопшти Елисејската палата.

Франција сака „отворена трговија, слободна, рамноправна меѓу државите од Г7“.

– Можеби постојат несогласувања, но повеќе би сакал да кажам дека се работи за семејна расправија, изјави економскиот советник на Трамп, Лари Кудлоу, кој тврди дека неговиот шеф сака само „реципроцитет“.

Висок европски дипломат оваа недела рече дека „за нас царините се илегални, нешто што ја комплицира изработката на заеднички текст“. Според него, можно е Самитот да заврши без заедничка декларација освен во деловите за загадувањето на океаните или за рамноправноста меѓу мажите и жените.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека се очекуваат тешки разговори на лидерите на Самитот на седумте индустриски најразвиени држави во Канада особено со американскиот претседател Доналд Трамп. Таквиот став е поради се поголемите несогласувања на САД со европските партнери.

– Се чини дека имаме сериозен проблем со мултилатералните догвоори така што се очекуваат жестоки расправи, изјави Меркел.

Иако членките на Г7 според неа, ги обединуваат заеднички вредности, можни се разлики во ставовите. – Сега имаме многу несогласувања со САД, нагласи Меркел.

Таа предупредува дека на Самитот во Квебек в петок и сабота не се очкува лесен разговор со оглед на растечките тензии меѓу САД и сојузниците откако Вашингтон воведе царини за увоз на челик и на алуминиум од ЕУ, Канада и Мексико и се повлече од Парискиот договор за климата и Нуклеарниот договор со Иран.

Меркел ја отфрли идејата за враќање на форматот Група осум најразвиени индустриски држави, која беше напуштем откако Русија беше отфрлена поради анексијата на Крим.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе има билатерални состаноци со францускиот лидер Емануел Макрон и со канадскиот премиер Џастин Трудо за време на самитот.

Трамп се уште има време да избегне трговска војна со најавените царини наведоа министрите за финансии од Г7 на средбата во Вистлер одржана пред неколку дена. Но, досега од Трамп нема најави за промена на ставовите.

Министрите за финансии на шест членки на Г7 ги повикаа САД да се откажат од воведувањето увозни царини за челик и алуминиум (25 отсто, односно 10 отсто) за кои предупредија дека ќе ја загрозат слободнате трговија и ќе им наштетат за глобалната економија.

Канадскиот министер за финансии Бил Монро претстави заклучок од состанокот одржан во неделата и укажа дека сака Трамп да ја слушне нивната порака за „загриженост и разочарување“ поради воведените царини.

На состанокот во канадскиот град Вислер министрите апелираа до присутниот американски министер за финансии Стивен Мнучин да му пренесе порака на Трамп за неопходност од укинување на царините пред самитот на Г7 за да се избегнат подлабоки поделби меѓу членките.

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер рече дека состанокот бил „тензичен“.

– Би рекол дека тоа беше состанок Г6 плус еден, а не Г7, изјави Ле Мер и нагласи дека царините воведени од САД се неоправдани.

Канадскиот министер Морно кој како домаќин претседаваше со тој состанок, рече дека државите сега се приморани да направат се да го убедат Трамп да се откаже од царините кои според него се „деструктивни и апсурдни“.

Безбедносните мерки ќе бидат исклучително високи, ангажирани се повеќе од 10.000 полицајци и припадници на армијата.

Во Г7 се Канада, САД, Јапонија, Велика Британија, Италија, Франција, Германија, а ќе учествуваат и претставници од ЕУ.

На Волстрит вчера пораснаа вредностите на акциите додека индексот Насдак е на рекордно ниво трет ден по ред поради добрите економски показатели и намалување на стравувањата од трговска војна. Загриженоста во врска со трговските тензии се намалија откако од Белата куќа беше соопштено за средба на Трамп со Трудо и со Макрон.

Би можело да ве интересира

Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска