Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе го промовира изданието „Историските основи на Македонската академија на науките и уметностите“ од академик Блаже Ристовски.
Книгата ќе ја претстават академиците Георги Старделов и Владо Камбовски, а промоцијата со поздравно обраќање ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.